Талески не се појави на распит кај Катица

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска бил свикан на распит пред Специјалното јавно обвинителство, но не се појавил во предвиениот термин.

Градоначалникот бил свикан на распит во Скопје за случајот „Транспортер”, потврдија од СЈО.Од таму велат дека не знаат оти Талески не се појавил на разговор и дека во иднина ќе бидат преземени соодветни истражни и други дејствија.

Инаку, против Талески беше запрена постапката, бидејќи беше помилуван од претседателот Ѓорге Иванов, но по повлекувањето на аболициите, СЈО продолжи со работа онаму кај што застана.

Битолскиот градоначалник е главен осомничен во случајот „Транспортер”, во кој ќе одговора за коруптивен тендер за превозот на учениците во општината, преку кој ја оштетил државната каса за 360 000 евра.

Поврзани новости