Талески: Не брзаме со ништо, опозицијата ги блокира сите реформски закони

by Фокус
Значи не се брза со ништо, станува збор за редовна постапка којшто ние како пратеници имаме обврска да ги реализираме сите оние проекти коишто се претходно почнати, изјави пратеникот на СДСМ Миле Талески, коментирајќи ја долготрајната собраниска расправа за решавање на спорот околу ГА-МА.
-Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во којшто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина.  Гледате дека во секој поглед без разлика за и каков да е закон тие одат на варијанта да го блокираат. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните – рече Талески.
Тој истакна дека СДСМ како одговорна партија, посветена на воведување на европските стандарди дома, борбата против корупцијата и криминалот ја става во највисоките приоритети во стратешката рамка “Акција 21”.
-За успешно искоренување на коруцијата, исклучително е важна добрата, брза и ефикасна соработка помеѓу надлежните институции, но важна улога имаат и граѓаните во пријавувањето на случаите поврзани со корупција.   Преку воспоставување на јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, со силна политичка волја и мотивација на секој граѓанин, заеднички се ангажираме во искоренувањето на корупцијата којашто го враќа општеството назад – рече Талески.

Поврзани новости