Талат побара собраниските комисии навреме да си ја вршат работата

by Фокус

Собранискиот спикер Талат Џафери го одложи почетокот на денешната пленарна седница поради тоа што собраниските комисии се уште не ја завршиле расправата по точките кои се останати на дневен ред на оваа седница. Притоа, Џафери побара поголема одговорност од претседателите на комисиите и, како што рече, навреме да ги одржуваат седниците.

– Минатата недела најавив дека продолжението на оваа седница ќе биде денеска во 12 часот поради тоа што тогаш комисиите не ги имаа завршено точките кои се на дневен ред, бидејќи претседателите на комисиите не се придржуваат на одредбите од Деловникот да завршат со точките од дневниот ред три дена пред одржување на пленарна закажана седница. Тие продолжуваат да не ги одржуваат седниците на комисиите во соодветно време и затоа доаѓаме до ситуација како денешнава – рече Џафери.

Поврзани новости