Возач на такси штипкал и допирал по градите 15-годишно девојче додека ја превезувал до дома, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 18,30 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, И.Т.(40) пријавила дека истиот ден околу 14,30 часот нејзината 15 -годишна ќерка влегла во такси возило по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде живеела. Откако тргнале со возилото, според изјавата на пријавителот, такси возачот започнал разговор, по што во еден момент се завртил и со раката ја штипнал за образот. Пред да стигнат во нејзиниот дом истиот посегнал со раката на задното седиште и ја допирал за градите.
Во 21,30 часот во Полициска станица бил повикан П.К.(53) од Битола, возачот на такси возилото и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.