Таки Фити: Гоце Делчев цел живот се борел за македонската кауза

by fokus

Академик Таки Фити во вечерашната 24 Тренд анализа се осврна на прашањето на припадноста на Гоце Делчев околку кој се води спор помеѓу македонската и бугарската комисија.

– Не е важно дали е Бугарин или Македонец, треба да видиме зошто го славиме заеднички. Што тој придонел за Македонија? Тој не е роден во Бугарија, туку во Кукуш. И да сакал да се декларирал како Македонец, не можел тогаш не постоела македонска држава. Тоа не значи дека немал македонски чувства. Ние го сметаме Гоце како наш кој цел живот се борел за македонската кауза. Можеби слични проблеми ќе имаме и за македонската преродба каде имаме многу револуционери. Тука е суштината на македонизамот и треба да бидеме тврди. Верувам дека за тие преродбеници кои се Македонци нема да прават проблем, како што е на пример Крсте Петков Мисирков, вели академик Фити.

Околу измените на учебниците, академик Фити потенцираше дека учебниците треба да бидат реципрочни. Не смее само едната страна да менува, а другата не. МАНУ има 40 членови и секој има право на свој став.

– Јас предупредив дека ќе излезе дека ќе не поделат. Имаше реакции во претседателството каде имаше патриоти. На 3 декември ќе усвоиме посебен документ за македонскиот јазик, повелба за македонскиот јазик, каде изнесуваме факти и аргументи. Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува, потенцираше Фити.

Поврзани новости