Тајзи откри детали за тетоважа со неговиот лик: На радио одела мојата ,,Чувај ни га Боже” кога се случила несреќата и чудото!

by fokus

Драган Величковски – Тајзи, кумановецот кој повеќе од една деценија е присутен на сцената и чии песни имаат милионски прегледи на музичките интернет канали, со јавноста сподели една интересна приказна.

Станува збор за тетоважа со неговиот лик, а момчето кое самото си ја изработило, било тату мајстор. Мотивот за тетоважата, како што објави Тајзи, му ги наполнил очите со солзи.

-Пред неколку години едно момче пред концерт ми напиша порака, дали може да се видиме и да испиеме по една пијачка, да направиме муабет.
Ми кажа дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила на отпад.

Полицијата се чудела како можело да нема повредени. На радиото во тој момент, кога се случила сообраќајката свирела мојата песна ,,Чувај ни га Боже”, и момчето е убедено дека токму тоа ги спасило, почувствувале некоја чудна енергија сите во колата.

Му кажав, понекогаш Бог дава втора шанса, сега имаш мисија, почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака. Ме послушал, и започнал да работи како тату мајстор – раскажува музичарот.

Вели дека по некое време момчето му се јавило и му ја пратило фотографијата со тетоважата. Му кажало дека само се истетовирало во знак на почит кон него.

-Солзите сами почнаа да течат. Мојата музика не е само песна, туку многу повеќе од тоа! Јас не сум ѕвезда и никогаш не сум бил! Јас сум само сонце кое грее души како што е оваа, и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе. И не ми требаат статуетки и награди, ова е мојата награда – порача Тајзи.

Тој имаше голем концерт во Куманово пред неколку дена, по повод Денот на ослободувањето на градот. Успеа да собере над 30.000 публика, и претстави дел од песните кои треба да се најдат на неговиот нов албум.

Во своите песни тој најчесто пее за општествените случувања и неправдите со кои се соочува обичниот човек, и важи за музичар кој секогаш ги полни до последно место локалите во кои настапува.

Поврзани новости