Тајниот исказ на Кичеец за „Рекет“ бил нуден на адвокат за пари?!

by fokus 10:57
10:57

Исказот на осомничениот Зоран Милевски за случајот „Рекет“ бил ставен на продажба, односно непознато машко лице се јавило на еден од вклучените во одбраната и го понудил за пари, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.

Според нашите информации, машко лице деновиве се јавило на еден од адвокатите и за пари му го понудил тајниот записник. Тој веднаш го прекинал разговорот и случајот го пријавил на обвинителката Вилма Русковска. Исказот на Кичеец засега е тајна за адвокатите на останатите осомничени, бидејќи обвинителката Русковска реши да не им го даде.

- Advertisements -

Наводно обвинителството дало налог да се прегледаат снимките од безбедносните камери за да се открие дали исказот протекол од обвинителството.

За случајот „Рекет“, освен Кичеец, осомничените Катица Јанева и Бојан Јовановски се уште немаат дадено исказ.

В.В.

 

Поврзани новости