Тајландски војник пренесувал во живо како убива дваесетина луѓе и си направил селфи

by Фокус

Тајландски војник изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 20 лица, јавуваат локалните медиуми. Според „Бангкок пост“, во нападот има и голем број повредени. Тим од специјалните единици се подготвува да влезе во трговскиот центар, од каде, според тајландската полиција, се слушаат истрeли.

Напаѓачот, идентификуван како Јакрапант Тома, пукал по цивили во Корат, а потоа влегол во трговски центар каде зел како заложници 16 лица. Војникот, кој по ранг е помлад офицер, прво го убил својот надреден во воен кампус во провинцијата Након Ратчасима, по што украл воено возило Хамер, со кое се превезол до блискиот град Корат каде отворил оган кон цивилите.

Властите го затворија центарот на градот и областа околу трговскиот центар за да го приведат осомничениот. Војникот го пренесувал нападот во живо на Фејсбук и направи селфи додека држи пушка. На една снимка се гледа како војник со шлем и униформа велејќи дека е „толку уморен од пукање на луѓе што веќе не може да го помрдне прстот“.

Медиумите објавија дека само неколку часа пред масакрот, војникот објавил бесен пост на Фејсбук во кој се вели дека „бара одмазда“. „Дали луѓето кои се богатат со корупција и ги користат другите, сметаат дека можат да ги понесат парите со себе во пеколот“, напишал напаѓачот.

Поврзани новости