Tag:

tomislav georgiev

  • Веќе и официјално започна пролетта за оваа година. Скопјани излегоа да прошетаат по центарот на главниот град, некои за да се уверат дали проектот „Скопје 2014“ навистина е реализиран, ама повеќето само за да уживаат во топлото време. И во љубовта.

  • Додека власта како камиказе јуриша кон предвремени избори, Зоран Заев и неговата сопруга маскирани како јапонски самурај и гејша, од карневалот во Струмица метафорички порачаа дека наскоро народот на актуелната власт ќе ѝ каже „сајонара“, и дека на престојните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја погоди вистинско гласачко цунами!

  • Проектот Скопје 2014 можете да го сакате, можете да го мразите, но морате да признаете дека од неговите панорами може да се направат интересни фотографии, особено кога ќе се спои неговата нежна архитектонската утопија со нашата сурова животна реалност. И со по некој гавран.

  • Спомениците ноќва конечно уживаа на првиот снег во Скопје годинава. Се разбира, и по некој човек го искористи времево за ноќна прошетка.

  • На ова врнежливо време, надвор не смее да се излегува без чадор. А Скопјани имаат чадори во многу бои. Борбата на боите со сивилото ја забележа објективот на нашиот фоторепортер.

  • Саше Политико повторно во акција. Овој пат пред очите на премиерот и министерката за култура тој се обиде да му објасни на турскиот писател Орхан Памук зошто не смее да ја прими наградата која требаше да му биде доделена токму во еден од најскапите објекти од проектот „Скопје 2014“ – Новиот стар театар.

  • На скопскиот плоштад во овој период од годината врие од луѓе што се облечени како Дедо Мраз. Ги има многу, но колку точно никој не знае. Еве колкумина успеа да собере нашиот фоторепортер на една фотографија.

  • Изреката вели „Ако животот ти дава лимони, барем направи лимонада“. На Скопјани деновиве животот им дава магла. Па ако не можеме да ја победиме, барем да направивме одлични фотографии од неа.

  • Главниот град на Македонија е магнет за многу луѓе од внатрешноста, кои тука доаѓаат да работат и живеат со надеж дека ќе ги остват зад себе сиромаштијата и бедата од нивните средини. Но од беда не се бега, како што нема бегање ни од објективот на нашиот фоторепортер.

  • Скопје и Скопјани и денеска се бореа со смогот и маглата. Низ градот денеска се прошета и нашиот фоторепортер и еве што виде.

  • Денеска во населбата Аеродром свечено се отвори новиот шопинг мол „Капитол“. Нашиот фоторепортер беше на место на настанот.

  • Стечајците кои се собраа пред Собранието во текот на протестот се обидоа да го пробијат кордонот поставен од полицијата која го обезбедуваше Парламентот, во кој во тек беше расправата за Законот за материјално обезбедување на невработени лица со кој се предвидува конечно да се реши проблемот на над 6.000 стечајци.