Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана земја во која мајките не им се роднини на своите синови и ќерки.
Tag:
терсене држава
Во нормални, демократски уредени земји сосема нормално е кога некој ќе посочи на грешките и пропустите на власта луѓето да се сетат на бајката на Ханс Кристијан Андерсен за новото царево руво, од која доаѓа цитатот „Царот е гол“. Кај нас, сите се уплашени да кажат дека царот е гол, и затоа кај нас многу често токму „голиот е цар“.
Обично се случува кога на пример археолозите ќе ископаат древен артефакт да настане спор околу тоа на која точно цивилизација ѝ припаѓал артефактот. Кај нас, во нашава терсене држава – за сѐ од минатото сме сигурни, но за артефактите од сегашноста сме збунети.