Тачи: Засега тензиите во Македонија се само политички, не се етнички

by fokus

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјавил дека Приштина внимателно ги следи случувањата во Македонија и регионот порачувајќи дека „употребата на сила е неприфатлива“, пренесува агенцијата Бета.

„Засега тензиите во Македонија се само политички и не се етнички. Меѓутоа, за оневозможувањето на етничките тензии решението е целосно остварување на Договорот од Охрид и унапредувањето на положбата на сите заедници кои живеат во Македонија“, рекол Тачи.

Според него, изборниот процес во земјата помина и сега треба да се направат сите напори за да се формира нова влада во согласност со Уставот и законите на македонската држава.

Во поглед на неговите претходни изјави за т.н. „Голема Албанија“, тој рекол дека никогаш не споменал такво нешто и дека „недостигот од лидерство и визија на ЕУ отвора пат за други идеологии и влијанија во регионот, како што се национализмот, екстремизмот и политичкиот радикализам“.

„Тоа е измислица на Србија и зли духови кои Србија ги држи во живот и храни за да им служат на нејзините интереси за легитимирање на Голема Србија, која денес делува пред лицето на ЕУ и меѓународната заедница“, рекол Тачи во интервју за Бета.

Поврзани новости