Тачи: ВМРО-ДПМНЕ отсега наместо со зајаци, ќе има работа со лавови

by Фокус 15:04
15:04

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи на вчерашниот митинг упати неколку пораки со кои жестоко ги нападна своите политички противници. Првата порака беше упатена на адреса на „интегративците“ втората беше испратена до Брисел и Вашингтон, а третата до владејачката партија.

– Нив им кажувам да не се вознемируваат, по политичката промена ништо нема да им се случи, само што со Ахмети кругот на луѓе ќе паднат заедно со него од власта. Работите се јасни, медиумите кои ги конторлира Али Ахмети не дозволуваат да се каже вистината, а тоа е лоша ситуација за Албанците кои се казнувани, репресирани. Втората порака е до Брисел и Вашингтон, дека ние што гласаме против оваа Влада гласаме против начинот на кој ДУИ владее. Третата порака е до фаворитот кај Македонците, ВМРО: доста имавте работа со зајци, сега ќе имате работа со нас, со лавови – истакна Тачи.

- Advertising -

Поврзани новости