Првиот човек на ДПА Мендух Тачи најавува дека ќе биде единствениот заменик-премиер во владата што ќе се формира по парламентарните избори на 27 април.
– Ќе се грижам нон-стоп за нашите луѓе, нашиот народ, нашата вера, ќе се грижам нашите деца да стануваат способни луѓе, да се школуваат доктори, инжињери, оџи, професори. А не како тој другиот што му вика на нашиот народ – вие сте да садите компири и да чувате овци – рече Тачи пред жителите на струшко Лабуништа.
Тој истакна дека воопшто не ја злоупотребувал исламската вера за политички цели, но притоа имал обврска да ја брани верата на неговиот народ.
– Пола од парите од државата треба да одаат за џамии и за медреси, другата половина нека одат за цркви, нам не ни пречи тоа – додаде лидерот на ДПА.