Тачи се пофали, рејтингот му бил голем колку и на Ахмети

by Фокус 12:03
12:03

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред тетовци се пофали дека рејтингот на неговата партија се изедначил со тој на ДУИ.

-Ве повикувам масовно да гласате за нас, затоа што ДПА е сериозна партија. Бојкотот никој не го подржува, напротив тој наиде на осуда од Америка и ЕУ. ДУИ најавуваат бојкот на изборите, а тие овозможија да има цензус на претседателсктие избори, затоа што Ахмети и Груевски договорија на 27 април да се спроведат и претседателски и парламентарни избори, рече Тачи.

Неговиот сопартиец, кандидатот за претседател Илјаз Халими, истакна дека е убеден дека ќе влезе во вториот круг.

- Advertising -

-Убеден сум дека ќе влезам во вториот круг, бидејќи во 2009 година имаше 280 000 илјади албански гласови, а јас сум единствен кандидат Албанец. Затоа уште еднаш апелирам да гласате за мене, рече Халими.

Тачи објасни дека поминувале низ тежок период, бидејќи сите се здружиле против него и ДПА.

-Поминуваме низ тешки времиња и не ми е лесно. Сите се здружиле и работаат против мене и ДПА, но не сакаат да кажат ниту еден лош збор за Груевски. Добрите работи ги сокриваат што ги направи ДПА. Нашите противници не се плашат од нас, дека ние немаме власт и полиција, за да уценуваме и апсиме. Морам да напоменам дека нема судир помеѓу ДУИ и ДПА, има судир помеѓу Албанците и владеачката гарнитура, заклучи Тачи.

 

Поврзани новости