Тачи останува лидер на ДПА, Ахмети му честиташе

by Фокус

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, му честиташе на Мендух Тачи за неговиот реизбор на чело на ДПА на партискиот конгрес одржан денеска во Тетово.

– Разликите меѓу нашите ставови се корисни за нашето општество и придонесуваат за квалитетни решенија на прашања кои ја засегаат нашата земја. Но, јас сум сигурен дека делиме слични ставови  околу главните прашања кои ја чекаат нашата земја и дека заеднички ќе дадеме конструктивен придонес во надминувањето на овие пречки што ќе овозможи благосостојбата на нашите граѓани – му вели Ахмети на Тачи и му честиташе и за одлуката ДПА да се врати во Собранието по тепачката меѓу пратениците од двете партии.

Поврзани новости