Тачи на локалните избори ќе истрча со Даути во Тетовo, Алији во Гостивар, Фазлиу во Сарај

by Фокус

Опозициската ДПА почна да ги промовира кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори, на кои ќе се обиде да се рехабилитира по дебаклот на последните парламентарни избори.

Откако ја официјализираше кандидатурата за Азем Садику за уште еден мандат на Студеничани, партијата на Мендух Тачи, според партиски извори, следните денови треба да ги промовира и адутите во другите општини.

Според информации на Фокус, партијата во Тетово ќе настапи со пратеникот Бардуљ Даути, во Гостивар со поранешниот пратеник Газменд Алији, во Сарај со уште еден поранешен пратеник – Беким фазлиу итн.

Од оваа партија велат дека се уште течат официјални, но и неформални преговори на други нивоа со БЕСА за меѓусебна поддршка на изборите, од чиј епилог може да зависи дали и каков кандидат двете страни ќе предложат во одредени општини.

Партискиот лидер Тачи неодамна оддржа средби и со лидерите на владејачките коалициски партнери СДСМ и ДУИ – Зоран Заев и Али Ахмети, меѓутоа од партијата уверуваат дека не постои опција за соработка со ниту една партија освен со БЕСА.

Поврзани новости