Тачи ќе ја менува химната и ќе ги брише долговите на Албанците кон државата

by fokus

Претседателот на ДПА, Мехдух Тачи во вчерашното гостување на ТВ 21 рече дека доколку тие бидат во владата, тогаш ќе спроведат закон за фискална амнестија, односно бришење на долговите на Албанците кон државата, како и дека ќе ја сменат македонската химна.

Лидерот на ДПА кажа и дека доколку тие преговараат за формирање влада, тогаш нема шанси Никола Груевски да биде премиер.

Тачи рече дека ќе спроведат и уште еден закон, а тоа е закон за амнестија на сите Албанци, кои како што рече се притворени во политички монтирани случаи.

Поврзани новости