-Разликата меѓу нас и ДУИ е што тие се манипуланти кои ги користат националните вредности. Али Ахмети во својот двор крена знаме на јарбол висок 50 метри, додека 500.000 Албнаци немаат никаква перспектива. Шест буџети и уште толку ребаланси на буџетот се донесени, а Алабанците се уште живеат во рурални и неразвиени региони, без канализација, училишта, болници и патишта, рече Тачи.
Претседателскиот кандидат на ДПА, Илјаз Халими, пак, порача дека нема да дозволи да се носат закони кои ќе ги дискриминираат Албанците.