Тачи им честита на Косово и Србија за постигнатиот договор во Вашингтон

by Fokus

Косовскиот претседател Хашим Тачи им честита на претставниците на неговата земја и на Србија за постигнатиот договор за економска стабилизација меѓу двете држави, што денеска го потпишаа во Белата куќа во Вашингтонјави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку објава на неговиот Твитер им се заблагодари на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и на неговиот специјален пратеник за преговорите меѓу Приштина и Белград, амбасадорот Ричард Гренел, за нивниот придонес во процесот на нормализирање на односите меѓу двете држави.

– Го поздравувам потпишувањето на договорот меѓу Косово и Србија денеска во Вашингтон. Благодарен на Белата куќа, на претседателот Доналд Трамп и на Ричард Гренел за водењето на овој процес. Косово сега ќе продолжи да работи на економскиот развој, отворањето работни места и натамошното внатрешно и меѓународно консолидирање, напиша Тачи.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ потпишаа денеска, во присуство на американсиот претседател Трамп, договор со кој се регулира соработката на двете земји во економски области.

По потпишувањето, Трамп изјави дека денешниот договор за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е историски и дека „со нетрпение очекува да ги посети двете земји во не толку далечна иднина“.

Поврзани новости