Тачи го спореди Ахмети со ѓавол

by Фокус 10:27
10:27

Лидерот на ДПА Мендух Тачи се нафрли со критики врз политичкиот конкурент ДУИ поради тоа што ги заплашувале, вршеле притисоци и ги уценувале Албанците во првиот круг од претседателските избори.

Сепак, тој вели дека во недела гласале само најверните 40.000 членови на неговата партија, додека на претстојните парламентарни избори ќе гласаат многу повеќе луѓе.

- Advertisements -

– Начинот на заплашување кој го прави Ахмети е начин на ѓаволот. Со тоа покажува колку е лош кога е во прашање останувањето на власта – рече Тачи во рамки на вчерашниот настап пред жителите на тетовско Слатино.

Поврзани новости