Тачи: Главна гаранција за фер избори е меѓународниот фактор

by fokus

И лидерот на ДПА Мендух Тачи е задоволен од потпишувањето на договорот за избори на 11-ти декември. Сепак, за него гаранција за фер политички натпревар останува меѓународната заедница.

 – Важно е партиите што ќе ја сочинуваат владата од задутре дадат голем придонес тоа да се случи и на терен. ДПА ќе продолжи да се однесува конструктивно, а главна надеж и гаранција за нас останува меѓународниот фактор – САД, ЕУ и другите институции кои ќе ги набљудуваат изборите во Македонија, изјави Тачи на излегување од Клубот на пратеници.

Поврзани новости