Тачи: ДПА ќе освои 120.000 гласови на парламентарните избори

by Фокус 10:36
10:36

Иако освои разочарувачки 40.000 гласови во првиот круг од претседателските избори, што е драстично помалку во споредба со претходните локални и парламентарни избори, лидерот на ДПА Мендух Тачи верува дека на следните парламентарни избори за две седмици партијата ќе го зголеми бројот на гласови за три пати, освојувајќи дури 120.000 гласови.

– Дали вие знаете дека кога го снимаш и евидентираш човекот додека се обидува да ја искаже слободната волја преку гласање сте направиле потешко дело отколку што нацистите кога ги стигматизираа евреите. Ќе одговарате за сета проливена крв кај Албанците и за сите уништени нивни домови. Ние сме спремни да се соочуваме со вас со демократски норми, но во недела видовме дека вие газите врз овие норми – порача Тачи синоќа на митингот во скопско Кондово.

- Advertisements -

Според него, бојкотот на изборите за избор на претседател од страна на ДУИ бил неуспешен.

– Успешен бојкот беше тој во 2009 година, кога ДПА го бојкотираше „таткото“ на Али Ахмети, Ѓорге Иванов – рече тој.

Поврзани новости