Тачи: ДПА ќе биде дел од идната влада, Груевски да го држи Ахмети зауздан

by Фокус 11:45
11:45

Лидерот на ДПА Мендух Тачи пред своите подржувачи и симпатизери тврди дека по парламентарните избори неговата партија ќе биде дел од идната влада, ќе ја добие претседателската фотеља на собранието, а тој ќе биде единствен заменик-премиер.

– Се согласувам со ставот дека кој ќе освои повеќе пратеници и гласови да влезе во владата, но да не биде со нивна почетна предност од 20 илјади гласови од Кичево. Велат дека 40 илјади гласови што ги доби Халими во првиот круг се малку, а 40 илјади демонстранти во Украина што е држава од 50 милиони жители ја соборија владата – рече Тачи во тетовско Боговиње.

- Advertising -

Тој деновиве одржа средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на која, според него, побарал да ги држи под контрола ДУИ и Али Ахмети, или во спротивно, како што предупредува, може да ескалираат состојбите на изборниот ден.

– Се сретнав со Груевски за да му кажам: „ти си нивни газда и држи ги зауздани, бидејќи на 27-ми ќе се случи голема беља“. Тоа беше причината за оваа средба. Повторно продолжуваат да прашуваат дали ќе бидеме во Владата? Од неделата почнаа да им даваат инфузии на нивните орди. Нема да бидете вие, некој друг ќе биде во владата – ДПА, која го има мандатот од народот – изјави лидерот на ДПА.

Поврзани новости