„Та Неа“: Поделби во Владата на Заев, Никола Димитров игра лични игри

by fokus

„И телефонот не заѕвони…“ Ова е песната која ја слушаат во грчката Владата во последните неколку часа, додека чекаат Зоран Заев да го направи најавениот чекор и да ги затвори преговорите со средба во Преспа, пишува „Та Неа“.

Од таму велат дека причина за застојот е во тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, продолжува да постапува на своја рака. Според весникот Димитров го блокира процесот со тоа што изразува несогласување по однос на договорот.

„И покрај оптимистичките предвидувања за сабота напладне, комуникацијата се одложува на следната недела. Информациите укажуваат на тоа дека во Владата во Скопје постојат поделби со тоа што Никола Димитров продолжува да игра лични игри. Ако се надминат пречките поставени од Димитров и повикот се оствари, средбата меѓу Заев и Ципрас ќе се одржи до Среда, потписите ќе паднат и договорот ќе оди на одобрување во Парламентот за на 25-ти јуни Македонија да добие зелено светло од ЕУ“, стои во написот на „Та Неа“.

„Катимерини“ пак пишува преговорите меѓу Грција и Македонија се во застој поради различно „интерпретирањето“ на правните документи, а не во принципите на договорот. Според весникот се очекува премиерот Заев и министерот Димитров во следните 24 часа да се договорат.

„По видните разлики меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров, како пречка во процесот, се очекува двајцата во следите 24 часа да дадат некаква порака за договор“, пренесува „Катимерини“.

Во интервју објавено денеска во „Неа Селида“, портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, изрази оптимизам за позитивни резултати од преговорите.

Поврзани новости