СЗО за неколку дена ќе знае колку е заразен омикрон

by fokus

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот омикрон сој на коронавирусот, изјави денеска техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхове.

Во соопштението на СЗО се посочува дека организацијата ќе ги има податоците за омикрон многу побрзо од предвиденото, откако во седиштето во Женева претходно беше соопштено дека ќе бидат потребни недели за да се добијат потребните податоци, пренесуваат британските медиуми.

Некои од главните прашања се дали оваа мутација е позаразна и дали ја избегнува постојната заштита од вакцините и дека треба да се почека на одговорите, се додава во соопштението на СЗО.

Ван Керхове изјави дека едно можно сценарио е новиот вид да е позаразен од доминантниот делта вид, но додаде дека сè уште не е познато дали омикрон предизвикува потешка форма на ковид-19.

Главниот научник на СЗО, Соумја Сваминатан, кажа дека тие веруваат дека постојните антиковид вакцини делуваат против новиот вид.

Таа посочи дека во најголем ризик се лицата постари од 45 години кои имаат коморбидитети.

Поврзани новости