СЗО за „Фокус“: Кога ќе стигнат вакцините во Македонија зависи од достапноста на дозите и подготвеноста на државата

by fokus

Додека Србија започнува со вакцинацијата за Ковид-19, Македонија се уште не знае кога ќе ги добие првите дози. Најавите дека Бугарија ќе донира дел од своите вакцини за Македонија, сепак не значат дека тоа ќе биде брзо, бидејќи како што се вели во одлуката на бугарската Влада, Бугарија ќе донира откако ќе ги задоволи своите потреби, односно од дозите што ќе и останат.

„Фокус“ го конктатираше седиштето на Светската здравствена организација во Женева за тоа кога првите дози преку КОВАКС механизмот ќе стигнат во Македонија. Конкретен датум се уште нема, а од СЗО посочуваат дека освен од достапноста на дозите, тоа зависи и од подготвеноста на земјата.

-Се очекува првите дози на вакцините да бидат пуштени во првата четвртина на 2021 година. Детален план на тоа како ќе оди пуштањето зависи од достапноста на дозите, регулацијата во секоја земја, како и подготвеноста на секоја земја, изјавија од седиштетото на СЗО за „Фокус“.

Од Владата претходно соопштија дека преку Ковакс-механизмот веќе се обезбедени 833.000 вакцини, што е доволно за речиси 400.000 граѓани. Две недели по вакцинацијата, граѓаните ќе треба да примат уште една доза за ревакцинација. Изготвен е и приоритетен план за вакцинација: прво ќе бидат вакцинирани лекарите и медицинскиот персонал, хронично болните, возрасните лица, но и политичарите.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости