СЗО: Во светот регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници

by Fokus

Во 92 земји и територии во светот се регистрирани повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус.

Тој додаде дека од мајмунски сипаници починале 12 лица.

Гебреисус истакна дека минатата недела се пријавени близу 7.500 случаи на мајмунски сипаници, што е зголемување за 20 отсто во однос на претходната недела.

Поврзани новости