СЗО свикува итна средба заради мајмунските сипаници

by Fokus 16:13
16:13

Светската здравствена организација (СЗО) за денеска свика итна средба на своите врни експерти заради зголемувањето на бројот на заболени од мајмуни сипаници, пренесува британскиот весник „Индипендент“.

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, изјави дека Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска потврдила уште 11 случаи на мајмунски сипаници во земјата, а повеќето од пациентите имаат благи симптоми, пишува британскиот весник.

Во Велика Британија се регистрирани вкупно 20 случаи.

-УКХСА потврди 11 нови случаи на мајмунски сипаници во Обединетото кралство. Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за сето тоа што го знаеме досега, рече Џавид, додавајќи дека британските здравствени власти набавиле дополнителни дози вакцини што се ефикасни против оваа болест, пренесе  „Индипендент“.

Поврзани новости