СЗО со важен апел до Русија

by Fokus

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања.

Притоа, тој ја повика Русија да обезбеди пристап до местата во Украина кои ги контролираат или држат под опсада нејзините војници, со цел да се овозможи обезбедување здравствена заштита на луѓето на кои им е потребна.

„Побарав безбеден пристап до Мариупол, Херсон, Јужно Запорожје и другите опколени области со цел да се обезбеди здравствена заштита, цивилите мора да бидат заштитени“, објави Гебрејесус на својот профил на Твитер.

Поврзани новости