СЗО: Сите земји да соработуваат во истражувањето на потеклото на коронавирусот

by fokus 21:05
21:05

Светската здравствена организација ги повика сите земји да работат заедно за да го испитаат потеклото на коронавирусот, еден ден откако Кина ги отфрли плановите за дополнителни лабораториски проверки на нејзина територија.

СЗО предложи овој месец продолжување на претходните истраги во Кина.

- Advertisements -

Заменик министерот на кинеската Национална комисија за здравство вчера рече дека Пекинг нема да го прифати предлогот каков што беше.

Коментирајќи го одбивањето на Кина, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, на состанокот на ОН во Женева рече дека не станува збор за политика или игра на вина.

– Во основа е барање сите да мора да се обидеме да сфатиме како вирусот влегол во човечката популација. Во таа смисла, државите навистина имаат одговорност да работат заедно и да соработуваат со СЗО, рече Јашаревиќ.

Тимот предводен од СЗО помина четири недели во Вухан со кинески научници, кои во заедничкиот извештај во март заклучија дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно, но потребни се дополнителни истражувања.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека истрагата е попречена од недостигот на сурови податоци во првите денови од ширењето на вирусот таму.

САД и другите земји, како и некои научници, побараа понатамошно истражување, особено на Институтот за вирологија во Вухан, кој го спроведе истражувањето на лилјаците.

Поврзани новости