СЗО: Повеќе од 585.000 заразени за еден ден

by Fokus 08:27
08:27

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 585.000 случаи на коронавирус се регистрирани претходниот ден, со што бројот на заразени достигна 72,19 милиони.

Податоците на СЗО покажуваат дека бројот на смртни случаи се зголемил за 11.400 и надминал 1,63 милиони, објави агенцијата ТАСС.

- Advertisements -

Јужна и Северна Америка имаат повеќе од 45 проценти од заразените во претходните 24 часа, а потоа следат Европа и Југоисточна Азија.

Најмногу заразени има во САД (16 милиони), по што следи Индија со 9,9 милиони, а трета земја е Бразил со 6,9 милиони.

Поврзани новости