СЗО: Нема докази дека БСЖ вакцината штити од корона вирус

by fokus

Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БСЖ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот корона вирус.

СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БСЖ вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БСЖ вакцинација како превенција од Ковид-19.

Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БСЖ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.

Поврзани новости