СЗО: Некои земји требаше повеќе да не слушаат кога прогласивме глобална здравствена криза

by fokus

Некои земји требаше повнимателно да слушаат кога Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена криза во јануари 2020 година, изјави денеска Мајк Рајан, главен експерт на СЗО за вонредни ситуации.

На прашањето дали организацијата требаше порано да го стави во употреба терминот „пандемија“, Рајан рече: Можеби моравме да викаме погласно, а можеби на некои луѓе им требаат слушни помагала.

На 30 јануари СЗО прогласи вонредна состојба во јавното здравство од меѓународно значење, што е „највисоко ниво на тревога“, а на 11 март по првпат го опиша коронавирусот како „пандемија“.

Поврзани новости