СЗО: Минатата недела со коронавирус се заразиле 4,6 милиони лица, најмногу досега

by Fokus

Минатата недела во светот беа потврдени над 4,6 милиони случаи на инфекции со коронавирус, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, од 14 до 20 декември во светот се регистрирани 4.612.790 новоинфицирани со коронавирусот, а како резултат на оваа инфекција умреле 79.001 лице.

Повеќето новозаразени се регистрирани во Северна и Јужна Америка, над 2,3 милиони.

Во Европа, истовремено, минатата недела имаше најголем број на смртни случаи од почтокот на пандемијата, над 36.000.

Поврзани новости