СЗО донираше медицинска опрема за Клиниката за неврологија

by Фокус

Светската здравствена организација донираше медицинска опрема од 2,5 милиони денари за Клиниката за неврологија, информираат од Министерството за здравство.

„СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите – пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации. 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри. Донацијата е во висина од над 2,5 милиони денари. Министерот Филипче, се заблагодари, истакнувајќи дека истата ќе биде од голема помош за Клиниката“, соопштија од МЗ.

Претставничката на СЗО, Жихан Тавила, упати благодарност на луѓето кои се на првата борбена линија со вирусот.

-Во изминативе 12 месеци се промени текот на историјата, а сè уште не знаеме кога сето ова ќе заврши. Сакам да им честитам на целата влада и на министерот за здравство д-р Филипче за вложувањето на сите можни напори и ресурси (човечки и финансиски), како и за покажаната енергија и добра волја за ставање под контрола на кризата предизвикана од ковид-19 – порача таа.

Поврзани новости