СЗО: Делта-сојот на ковид станува доминантен во светот

by Fokus

Делта-сојот на ковид-19, кој првпат беше откриен во Индија, станува доминантна варијанта на болеста во светот, објави вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Сомја Сваминатан изрази и разочарување од неуспехот на Кјурвак да ги исполни стандардите на СЗО за ефикасност, особено сега кога високопреносливиот сој ја зголеми потребата за нови ефикасни вакцини.

Велика Британија извести за зголемување на инфекциите со делта-сојот, додека германските здравствени работници предвидуваат дека тој наскоро ќе стане доминантен вид во Германија, и покрај зголемувањето на бројот на вакцинираните.

Кремљ вината за рекордниот број новозаразени лица во Москва, главно со делта-сојот, ја префрли на „нихилизмот“ и неволноста на граѓаните да се вакцинираат.

-Делта-сојот е на добар пат да стане доминантен во светот поради високата инфективност, рече Сваминатан, главен научник на СЗО.

Официјалните лица на СЗО изјавија дека Африка останува континент што предизвикува загриженост, иако таму се евидентирани околу пет проценти од новозаразените во светот и околу два проценти од починатите.

Случаите минатата недела двојно се зголемија во Намибија, Сиера Леоне, Либерија и Руанда, изјави еден од раководителите на СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, додека пристапот до вакцините сè уште е мал.

-Траекторијата е многу, многу загрижувачка. Суровата реалност е дека во ера на голем број високопреносливи варијанти, ние оставивме голем број жители на планетата, ранливото население во Африка, незаштитени со вакцина, рече Рајан.

 

 

Поврзани новости