СЗО: 1,7 милиони деца умираат годишно поради загадување на воздухот и водата

by fokus

Годишно умираат  1,7 милиони деца поради загадување на животната средина, вклучително од загадена вода и воздух, чад и недостиг од адекватни хигиенски услови, соопшти Светската здравствена организација.

– Загадувањето на животната средина е смртоносно особено за децата. Развојот на нивните органи и имунолошкиот систем ги прави ранливи на загадување на воздухот и водата, изјави директорката на СЗО Маргарет Чен.

Такви несанитарни услови и загадување на животната средина може да предизвикаат фатални случаи на дијареја, маларија и воспаленија на белите дробови, се вели во извештај на СЗО.

Во извештајот се додава дека изложување на штетни дејствија може да почне уште во утробата на мајката и да продожи ако децата се изложени на надворешно загадување на воздухот. Освен тоа децата се изложени на хемиско загадување преку храната, водата и воздухот, се додава во извештајот.

Поврзани новости