Свирежи за водителката на концертот за Рамковниот кога прозборе на македонски

by fokus

Водителката на концертот организиран од вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор, беше исвиркана кога се обиде најавата на прославата да ја прочита на македонски јазик.

Во медиумите се појави видео на кое се слушаат свирежи додека се чита најавата на македонски јазик.

Синоќа на плоштадот Скендербег беше организирана забава којашто Груби ја оцени како „Полн погодок“, под наслов „Мировен фестивал“, а беше платена 100 илјади евра од буџетот на ова Министерство.

Груби за овој концерт најави дека ќе прерасне во еден од најголемите регионални, обединувачки фестивали, но на него не настапи ниту еден македонски пејач, откако учеството го откажаа пејачите, Владо Јаневски и Антонија Гиговска.

Поврзани новости