Украинската амбасада во Прага е исчкртана со црвена боја

by Fokus

Полицијата во чешкиот главен град Прага води истрага откако непознат сторител ги исчкртал ѕидовите на украинската амбасада со црвена боја.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како работник ги чисти ѕидовите, скалите и оградата на зградата.

Полицајците ги прегледуваат снимките од видео надзорот, а наводно вандализмот се случил околу 3 часот по полноќ по локално време.

 

Поврзани новости