Свештеник влетал во пламенот во Нотр Дам за да спаси вредни реликвии

by fokus

Француски свештеник стана херој за локалните медиуми по сведоштвата дека додека горела катедралата Нотр Дам, тој влетал во пламенот и спасил еден бодликав венец и други вредни реликвии.

– Тој покажа голема бестрашност, единствена цел му беа реликвиите во катедралата и нивната сигурност. Тој секој ден се соочува со животот и смртта, па тоа го прави похрабар, изјави очевидец кој сакал да остане анонимен.

Интересно е тоа што истиот свештеник служел војска во Авганистан, каде преживеал напад од заседа, а во 2015 година им помагал на повредените во терористичкиот напад во театарот Батаклан во Париз.

Поврзани новости