Сведокот од Монструм што се онесвести повторно сведочи, преплашено и одговара на обвинителката Фетаи

by Fokus 10:54
10:54

Ахмед Бекир, сведок во случајот Монструм кој на минатото рочиште се онесвести, денеска повторно сведочи во Кривичниот суд.

Обвинителката Фатиме Фетаи продолжи да го испрашува сведокот, а најпрвин му рече дека и е жал за тоа што се случило претходниот пат. Фетаи го замоли сведокот уште еднаш да раскаже што видел денот кога беа убиени четирите момчиња и рибарот, кај Смилковското езеро, бидејќи има разлика во она што го изјавил на првото судење и сега на повторената постапка.

- Advertisements -

Сведокот повтори дека попладнето ги видел четирите момчиња кои од него и неговите другари побарале леб за рибата. Раскажа и дека вечерта видел човек со автоматска пушка, кој откако ги прашал како се викаат им рекол да бегаат за да не ги убие.

Сведокот повтори дека попладнето ги видел четирите момчиња кои од него и неговите другари побарале леб за рибата. Раскажа и дека вечерта видел човек со автоматска пушка, кој откако ги прашал како се викаат им рекол да бегаат за да не ги убие.

Обвинителката го праша сведокот дали додека давал исказ пред истражниот судија некој му сугерирал што да изјави и дали пред да ја потпише изјавата му ја прочитале? Сведокот конфузно одговараше, истакнувајќи дека судијата го прашувал, а тој одговарал, а не се сеќава дали му ја прочитале изјавата. Сведокот неколку пати повторуваше дека е неписмен човек и дека не ги разбира зборовите на Фетаи.

На прашањето на обвинителката зошто откако избегале не пријавиле во полиција, сведокот рече дека немале број на полицијата за да пријават. Се правдаше дека полицијата сама дошла кај нив дома, но за времето даваше различни одговори. Еднаш рече дека стигнале по половина час откако тие се прибрале дома, односно истата вечер кога се случи петкратното убиство, а еднаш дека не се сеќава.

Поради постојаните конфузни одговори на сведокот, неговата збунетост и исплашеност, обвинителката Фетаи не успеа да ја извлече вистината од него, поради што прекина со прашањата.

В.В.

Поврзани новости