Сведок во „Талир“: Има уплатница со мои податоци, но јас никогаш не сум дал пари во ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Неколку сведоци на обвинителството денеска се појавија на судското рочиште за предметот „Талир 1“ кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува „360 степени“.

Тие говореа за уплатите кои ги правеле и уплатници на кои ги има нивните податоци, околу кои беа прашањата на обвинителката Ленче Ристоска.

Член на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Петровец, Горанчо Ангеловски, зборуваше како од штабот на ВМРО-ДПМНЕ му давале пари и уплатници во коверт, а тој ги уплаќал во банка.

„Во коверт беа уплатниците и парите. Ракописот и потписот не се мои, сумата е моја. По уплатата во банка ги вратив уплатниците во штабот. Мене членарината ми се одбиваше од плата, мислам дека беше 160 денари месечно”, истакна сведокот.

Поврзани новости