Сведок во „Диво насеље“: Полицијата физички ме малтретираше

by Фокус

Еден од сведоците во судскиот процес за кумановската акција истакна дека полицијата пет часа ги малтретирала. Никој не смеел да излегува, а некои од постарите луѓе, како последица на траумите починале.

-Бевме опколени и никој не знаеше што точно се случува. Бевме физички малтретирани, па и не тепаа, изјави пред судот Артизана Фејзулаи чиј татко е еден од обвинетите во случајот.

Сведокот тврдеше дека ниту еден член на нивното семејство не пукал кон полицијата и дека сите кои биле во моментот на акцијата дома биле заспани. На прашањето на обвинителството зошто ако биле повредени не отишле на лекар, сведокот одговори дека полицијата прво предолго ги држела, а потоа имале смртен случај во семејството од полициските трауми.

 

 

 

Поврзани новости