Сведок: Власта спрема нови 60 партиски судии и обвинители

by fokus

Академијата за судии и јавни обвинители до крајот на неделава се очекува да распише „интервентен“ оглас на кој ќе дозволи 60 кандидати од судовите и обвинителствата со осум месечна теоретска обука да станат идни судии и јавни обвинители, дознава Сведок.

Овие планирани 60 судии и обвинители ќе бидат исклучиво од редовите на стручните соработници од судовите и обвинителствата кои имаат 6 години стаж како соработници, а сите се вработени во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Порталот Сведок од судски извори дознава дека по измените на законот кои беа донесени преку ноќ и во кои се предвиде да се едуцираат судии со само 8 месеци теоретска но не и практична обука, ќе се сместат сите кандидати кои поинаку немаат ни теоретска шанса да станат судии поради високите критериуми во Законот за академија на судии и јавни обвинители.

Овие измени ќе важат само за оваа група на идни судии, една година, а понатаму пак ќе бидат во сила силните критериуми кои бараат познавање на јазици, висок процент на успех и слично.

Поврзани новости