Сведок: Пино беше со Ангела само за секс

by fokus

Не можам да верувам дека една девојка може да осмисли такво нешто, сведочеше во судот братучедката на убиениот Пино Секондо, Марија Вера Трпковска која се појави како сведок пред судот.

Таа раскажуваше за односот на Ангела и Пино. Според нејзе, Пино бил со Ангела само за задоволување на сексуалните потреби. Вечерта пред да исчезне, Марија била со Пино и тој и кажал дека Ангела му досадува и го вика бидејќи му подготвила изненадување. Марија откри дека додека Пино беше исчезнат имале дојави од лажни профили дека го виделе Пино и барале пари за да кажат кај го виделе.

По убиството, семејството се обидувало да стапи во контакт со Ангела откако дознале дека Пино последно се видел со нејзе, но Ангела постојано ги пријавувала во полиција за малтретирање. По настанот од неа не добиле никакво сочувство или помош иако имале некаков контакт. Обвинетата Ангела е во притвор и додека го следи судењето постојано запишува.

Братот на Али Фуркан, обвинет за убиството на Пино Секондо на денешното рочиште се појави како сведок на Обвинителството и тврдеше дека не знае ништо за убиството и каде е сега избеган неговиот брат, иако не биле скарани и биле блиски како браќа.

Тој пред судот тврдеше дека за убиството дознал кога полицијата дошла кај нив дома да врши претрес. Тврдеше дека брат му заминал од дома еден ден, пред да влезе полицијата во нивниот дом. Додека го слушаше неговото сведочење мајката на Пино постојно плачеше и викаше „лаже“.

Ангела Ѓорѓиевска која е обвинета дека заедно со Фуркан учествувала во убиството не ја познавал и тврдеше  дека не познавал ниту една девојка од брат му.

Пино Секондо беше пријавен за исчезнат во декември 2018 година, а на 29 април 2019 година беше пронајдено и неговото тело , во атарот на селото Љуботен.

Според обвинението, обвинетата Ѓорѓиевска на 11 декември 2018 година, го повикала Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Али Фуркан со возило Опел Аскона, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата, се тврди во обвинението, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот.

Според информациите на МВР, Фуркан избегал по убиството се вратил во Македонија, 10 мај, а на 27 мај му се губи секаква трага.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости