Свечен пречек за Меркел пред владината зграда

by fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе пристигне во Македонија, во знак на поддршка на македонската евро-атланска интеграција.

Според најавата од владината прес служба, на платото пред зградата на Владата претпладнево ќе почне свечениот пречек за германската делегација предводена од канцеларката Меркел. Еден час подоцна, прес конференција ќе одржат таа и нејзиниот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев.

Меркел е првиот канцелар кој доаѓа во Македонија, по Герхард Шредер кој накратко ја посети земјава за време на косовската криза во 1999 година. Таа дојде на функцијата канцелар во 2005 година, веднаш по Шредер.

 

 

Поврзани новости