СУТКОЗ: Директорот на „Водовод“ го повлекол целото оружје од клучните објекти и ја згрозил безбедноста на граѓаните

by fokus

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов, во февруари го повлекол целото оружје со кое се бранат стратешките објекти од водоснабдувањето на Скопје, соопшти денеска претседателот на Синдикатот за туризам, угостителство и за комунални дејности (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Атанасов, како што соопшти Димовски, на 23 февруари, без образложение и одобрение од Министерството за внатрешни работи, одлучил да го повлече оружјето со што ја загрозил безбедноста на водоснабдувањето.

– Несоодветниот и нестручен „директор“ со неговата интерна одлука го повлекува оружјето од 16 стратешки објекти, со што ги довел во опасност животите и безбедноста на граѓаните и на жителите град Скопје, кои го користат тој систем за водоснабдување, како и безбедноста на вработените и на стратешките објекти кои се од витално значење за Град Скопје – изјави претседателот на СУТКОЗ.

Димовски соопшти дека денеска писмено ќе побара објаснување од МВР и од министерот Агим Нухиу, но итно и враќање на оружјето во објектите.

СУТКОЗ кон почетокот на месецов соопшти дека Алексов е назначен на директорската позиција без притоа да има признаена дипломата и побара градоначалникот Коце Трајановски веднаш да го разреши директорот на претпријатието. Од Град Скопје соопштија дека ќе го истражат случајот.

Извор: Мета

Поврзани новости