Суспендирани над 10.000 наставници во Турција

by fokus

Турски официјални извори објавија дека турските власти суспендирале над 10.000 наставници за кои се сомневаат дека се поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан.

-Овие поединци  се привремено суспендирани или се на платено отсуство се додека не биде објавена официјална истрага, изјави неименуваниот турски функционер за АФП.

Државната агенција Анадолија објави дека вкупно се супендирани 11.500 наставници за кои турското Министерство за образвание смена дека се занимавале со активности на „давање поддршка на епаратистичката терористичка организација и нејзините ограноци“.

Поврзани новости