Сушата откри нацистички бродови потопени во Дунав

by Фокус

Најлошата суша во Европа во изминатите години ја остави моќната река Дунав на најниско ниво досега во овој век, па се појавија остатоци на десетици германски воени бродови, натоварени со експлозиви кои биле потопени во Втората светска војна во близина на српскиот пристанишен град Прахово.

Црноморската флота на нацистичка Германија потопила стотици бродови долж Дунав во 1944 година додека се повлекувале од советските сили, а овие бродови се уште го нарушуваат речниот сообраќај за време на ниското ниво на вода.

Овогодинешната суша, за која научниците тврдат дека е последица на глобалното затоплување, откри повеќе од дваесет трупови на еден дел од Дунав кај Прахово во источна Србија, од кои многу се уште содржат тони муниција и експлозиви и претставуваат опасност за пловидбата.

Поврзани новости