Сулиш: Не сум придружник на Груевски, ама не толерирам провокатори

by fokus

Скопјанецот Хајрадин Сулиш, кој вчера физички нападна волонтер во поплавеното Сингелиќ оти го критикувал Никола Груевски, во изјава за телевизија НОВА демантира дека бил дел од придружбата на експремиерот.

Тој вели дека само помогал во поплавеното село, но се налутил кога го слушнал волонтерот како го критикува Груевски, бидејќи како што вели, не смеело политиката да се меша во вакви ситуации.

-Увидов дека е провокатор уште од првиот пат кога почна да ме пцуе, бидејќи јас пред тоа бев саат време таму, чистевме со камион и тој почна да пцуе, а јас се зачудив и прашав кого пцуеш, а тој ми рече  – и тебе и Влада и сите што сте тука – тврди Сулиш.

Инаку, волонтерот Гоце Маркоски, инаку член на партијата Левица, вчера беше удрен со тупаница бидејќи гласно го критикувал Груевски, а инцидентот се случил во присуство на министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Маркоски го пријавил случајот во полиција, па на напаѓачот му е поднесена прекршочна пријава за која се предвидува парична казна од 600 до 800 евра.

Поврзани новости